Во Виена, од 24ти до 26ти септември 2018 година ќе се одржи деветата Меѓународна стручна конференција „Детето во градот“ (Child in the City). Оваа манифестација ќе биде најголема досега, со тридневна програма и над 100 меѓународни предавачи. Во фокусот ќе биде интердисциплинарниот дијалог помеѓу предавачите како што се урбанистите, невладините организации и застапниците за правата на децата. На едно место учесниците ќе можат да дискутираат за можностите за прилагодување на градовите кон потребите на децата. Освен предавањата и работилниците, ќе бидат претставени и различни иницијативи за изгледот на градовите кој би бил соодветен за животот на децата.
Како повторно да се освои јавниот простор за децата, како да научат да возат велосипед, како да го откријат својот град со помош на апликација, и како да се оспособат да читаат двојазично списание. Тоа се четирите наградени проекти од натпреварот „Деца, деца! Нови дизајнерски идеи за градски живот од детски агол“.
Повеќе информации за оваа конференција тука