Насловна / Вести / Виена со право е еден од најчистите градови

Виена со право е еден од најчистите градови

Градот Виена извести дека мобилните тимови кои го надгледуваат постапувањето со отпадот, во 2017 година наплатиле дури 7.400 казни. Се работи за тимови под името WasteWatchers, кои работат уште од 2008 година, и оттогаш до денес спровеле 64.000 службени налози, а само во 2017 дури 7.400. Паричната казна за непрописно постапување со отпадот е 50 евра, а од собраните средства се финансираат останатите мерки за чистење. Во моментот во Виена има околу 400 WasteWatcher-и, кои ги контролираат сите видови на загадување во јавниот простор, но и во водите. Благодарение на овој систем, за 10 години Виена бележи за 60 % помалку илегално фрлени ладилници, за 58 % помалку кабаст отпад, за 17 % помалку непрописно оставени колички за шопинг, и за 123 милиони помалку отпушоци.sauberste-region---sterreichs-2017_1511905729

 

Испрати коментар

Scroll To Top