Насловна / Вести / Виена руши рекорди во изградбата на велосипедска мрежа

Виена руши рекорди во изградбата на велосипедска мрежа

Минатата година во Виена беа изградени 17 километри нови велосипедски патеки. Главниот град на Австрија, оваа година планира да собори рекорд и да изгради дополнителни 20 километри велосипедска мрежа. Со цел велосипедската инфраструктура да биде во согласност со целите за постигнување на климатска неутралност до 2040 година, виена во велосипедската мрежа до 2025 година планира да инвестира 100 милиони евра. Само минатата година вложени се 26 милиони евра. Со проширување и доградба на велосипедските патеки, граѓаните добиваат дополнителна причина за да се одлучат за еколошки прифатлив начин на превоз.

cycling2

cycling3

Минатата година е започната т.н „голема велосипедска офанзива“ и во 22-риот округ Donaustadt, велосипедските патеки до крајот ан годината ќе бројат вкупно 14 километри. Во нив спаѓа и 3,5 метри широката двонасочна патека – резултат на воведувањето на задолжителна наплата на паркирањето на целото подрачје на градот. Долж патеките во тој градски округ, ќе се посадат речиси 200 стебла. Започнатите работи на изградбата ан првата виенска „мега“ велосипедска патека течат по план и продолжуваат и оваа година, Станува збор за делница која ќе го поврзува центарот на градот со Donaustadt. Меѓу нив е уицата Lasallestraße каде велосипедстата патека ќе биде поширока. Таа улица е една од најфрекфентните во градот, а во 2022 година таму минале повеќе од еден милион велосипедисти. Проектот опфаќа уште неколку улици, а 7 километри долгата „мега“ патека ќе биде пуштена во сообраќај следната година.

cycling4

 

Испрати коментар

Scroll To Top