Насловна / Вести / Виена: Роботите делумно ќе ги заменат хирурзите, наскоро првата роботизирана операција

Виена: Роботите делумно ќе ги заменат хирурзите, наскоро првата роботизирана операција

Во Виена роботите делумно ќе ги заменат хируурзите при малите хируршки зафати, соопштиле властите на овој град. Ккао што истакнуваат, минимално инвазивните операции се се почести, што претставува предност како за пациентите, така и за хирурзите. За овие операции се користат камери и инструменти кои се ставаат во телото на пациентот низ мали резови на кожата.

robot1

На тој начин можат да се изведат многу посложени маневри, отколку со класичните методи. Нервите и крвните садови се заштитени на најдобар можен начин, а помали се и болките после операцијата. Хирурзите веќе не се покрај операционата маса, туку управуваат со конзола додека гледаат во екран. Тродимензионалната слика со висока резолуција овозможува десет пати зголемен приказ. Се најавува дека првата роботизирана операција ќе се изведе во средината на април на клиниката Donaustadt.  Неколку клиники во Виена во соработка со компанијата Intuitive Surgical Sàrl, ќе набават шест Da Vinci роботи во вкупна вредност од 12 милиони евра.

robot2

Испрати коментар

Scroll To Top