Насловна / Вести / Виена: Прво биенале посветено на климатските промени

Виена: Прво биенале посветено на климатските промени

Од 5-ти април до 14-ти јули оваа година, за прв пат во главниот град на Австрија ќе се организира „Клима биенале“. Во текот на  100 дена, ширум Виена ќе бидат организирани изложби и работилници на тема клима. Седиште на настанот ќе биде галеријата Kunst Haus Wien, а првата групна изложба ќе има назив Into the Woods. На двата ката од музејот ќе бидат прикажани 16 современи прикази кои ќе се занимаваат со влијанието на човекот врз состојбата на шумите и нивното уништување од една страна, како и колективните и симбиотски активности на шумскиот екосистем од друга страна.

biennale1

Намерата на овој нaстан е да привлече разновидна публика, од светот на уметноста, науката, луѓе од различни делови на градот, носители на одлуки од политиката и економијата, деца и млади, како и луѓе кои се најранливи на климатската криза. Една од темите на биеналето ќе биде и снабдувањето со храна во иднина. Изложбите по повод светскиот ден на водата во галеријата Belvedere 21, ќе се занимава со последиците од климатските промени.

biennale2

 

Испрати коментар

Scroll To Top