Насловна / Вести / Виена повторно е град со најквалитетен живот во светот

Виена повторно е град со најквалитетен живот во светот

Главниот град на Австрија, Виена, деветти пат ја доби титулата метропола со најдобар квалитет на живот во светот. Најнеквалитетно се живее во Багдад.

Меѓународната агенција „Мерсер“ дојде до заклучок дека во Виена се живее најдобро. Второпласиран е Цирих, а третото место го делат Оукленд и Минхен.виена

„Виена го освои првото место пред сè поради безбедноста, одличниот градски превоз и богатата културна понуда“, наведува „Мерсер“.

Меѓу првите десет града, како и лани, повеќето се градови во Европа – Диселдорф, Франкфурт, Женева, Копенхаген, Базел, на петтото место е Ванкувер, а на 10. е Сиднеј.

Град со најлош квалитет на живот е Багдад, исто како и лани.

Студијата опфаќа 231 голем град врз основа на 39 критериуми, меѓу кои се политичката и економската состојба, еколошките аспекти, здравственото осигурување, како и образованието.

Испрати коментар

Scroll To Top