Насловна / Вести / Виена: Подземна железница како електрична централа

Виена: Подземна железница како електрична централа

U2 Rathaus

Компанијата за градски превоз на Виена, Wiener Linien, во една од станиците на метро линијата U2 изгради постројка за ефикасно искористување на енергијата што настанува при регенеративното кочење на возовите. Таа енергија и досега се искористувала, но за погон на други возови, но доколку во близина во моментот нема друго шинско возило таа енергија се претвора во топлина и се губи во околината. Но, во новоинсталираната постројка, еднонасочната струја се претвора во наизменична, со што се овозможува снабдување на целата станица со електрична енергија (осветлување, лифтови, ескалатори и сл.)

 

Испрати коментар

Scroll To Top