Градскиот јавен превоз во Виена секојдневно го користат околу 2,6 милиони патници. На располагање имаат: метро, трамваи и автобуси, со кои стопанисува компанијата за градски превоз Wiener Linien. Возилата на ова претпријатие во 2018 година минале вкупно 78 милиони километри, што одговара на растојанието меѓу Земјата и Месечината. Секој ден, волилата минуваат 210.000 километри, што одговара на растојание при петкратко обиколување на Земјата. Со користењето нa јавниот превоз, граѓаните активно придонесуваат за заштита на климата, односно остваруваат заштеда на емисии на јаглерод диоксид од 80%. Најголема километража минатата година оствариле автобусите (39,4 милиони километри), потоа трамваите (22,8 милиони километри) и на крајот метрото со 16,5 милиони минати километри. Секојa година, Градот Виена и Wiener Linien, инвестираат во проширување на линиите и подобрување на понудата. Иновативните проекти како автоматизирано возење, рекуперација нa енергијата и е-мобилноста се секојдневно на дневен ред.