Меѓународен стручен тим за мобилност, во Виена, во рамките на проектот “NewHorizon” дискутираше за предизвиците на сообраќајниот и транспортниот сектор, како и за идниот развој на мобилноста во градовите. Притоа, заклучено е дека сите развојни процеси треба да им бидат достапни на сите граѓани. Освен тоа, стручњаците ја претставија и својата секојдневна истражувачка практика која ќе им за цел истражувања ширум Европа.
Кога се во прашање иновативните решенија, не е важен исклучиво технолошкиот развој, туку и учеството на сите граѓани во нивната имплементација. Езерскиот град Асперн во Виена, важи за испитувачка лабораторија на паметен град во поглед на иновативните решенија во сообраќајот. Асперн е најголем европски урбанистички проект чија градба започнала во 2007 година. Во него се можни многу опции во сообраќајот, и тоа само со помош на картица – од изнајмување на било каков велосипед до возење со автобуси без возач. Таквите проекти создаваат нова култура на живеење во која се негува соработката и се поддржува локалната економија.