Градот Виена во континуитет продолжува со одржливи практики на секое поле. Неодамна најде начин за дополнително зголемување на ефикасноста на централниот топлификациски систем. Рекуперацијата на отпадната топлина од индустриските процеси не е воопшто новост за овој систем, а кон приказната сега се приклучува и познатиот производител на кекси и вафли Manner.
Во соработка со градската енергетска компанија Wien Energie ќе овозможи користење на отпадната топлина од своите погони за потребите на топлификацискиот систем на градот. Со проектот ќе се обезбеди дополнителна енергија (зелена енергија) за уште 600 нови корисници во 17. виенски округ.