Виена повторно е најдобар град поради силната културна сцена, квалитетната здравствена заштита, умерената цена за изнајмување стан и евтиниот градски превоз. На второ место е Цирих, трет е Окленд, четврт Минхен а петти град е Ванкувер.
Во првите десет уште се и Дизелдорф, Франкфурт, Женева, Копенхаген и Базел. Глобалните центри како што се Лондон, Париз, Токио и Њујорк, не се нити во првите 30, при што Париз е на 38-то место, Лондон е 40-ти, Њујорк на 44-то место, а Токио на 47-то место.
Од азиските градови најсилно рангиран е Сингапур, кој се наоѓа на 25-то место, додека од американските градови највисоко се наоѓа Сан Франциско, односно на 29-то место. Петте најлоши градови за живот, пак, се Картум (Судан), Портопренс (Хаити), Сана (Јемен), Бангуи (Централноафриканска Република) и Багдад (Ирак).
Така, првото место веќе осма година по ред и припаѓа на Виена, додека на последното место повторно е Багдад. Во истражувањето се распоредени 40 разни фактори како што се: политичката стабилност, инфраструктурата, здравствената заштита, образованието, криминалот, рекреацијата, културата итн.