Главниот град на Австрија кој често го истакнуваат според квалитетот на живот, зазема и високо место во ранг листата за квалитетот на воздухот. Во споредба со останатите европски градови, Виена е на третото место веднаш по Цирих и Копенхаген. Со тоа, Виена го подобри својот пласман за една позиција во споредба со истражувањето спроведено пред четири години.
Студијата што ја изработува германскиот Сојуз за екологија и заштита на животната средина (BUND), како и Европската канцеларија за заштита на животната средина (EEB), го анализира степенот на загаденост на воздухот во европските градови. Во Студијата Виена е пофалена поради преземените мерки во минатите четири години, при што посебно се истакнуваат инвестициите во градскиот сообраќај, како и „евтиниот“ годишен билет кој чини 365 евра.
Инаку, ова истражување опфаќа мерења на вредностите на честичките прашина, азотни оксиди, сулфурни оксиди и јаглерод моноксид.
Па, со 1 евро на ден, мислам дека нема потреба од наводници кај > евтин. 😉