Насловна / Вести / Виена: Кварт со 100% обновлива енергија

Виена: Кварт со 100% обновлива енергија

После двегодошно интензивно планирање, во главниот град на Австрија во дистриктот Донаушат, започнаа работите на првиот пилот проект за кварт со „плус енергија“. Новиот кварт Campo Breitenlee, со енергетски концепт на иднината, ќе располага со 100% енергија од обновливи извори, 557 субвенционирани станови, 31 локал, градинка и амбуланта.

CB1

Одржливиот проект Campo Breitenlee е иновативен пример за домување со висок квалитет.  Квартот ќе се снабдува со енергија за греење и ладење која 100% потекнува од обновливи извори и е произведена на самата локација (геотермални пумпи и фотоволтаици). Објектите се со извонредни енергетски карактеристики и поради самиот дизајн и поради исклучителните термички карактеристики на основните и изолационите материјали. На тој начин, квартот не само што самостојно ќе ги обезбеди сите свои потреби од енергија, туку ќе има и вишок на енергија од обновливи извори.

CB2

Благодарение на ваквите и слични проекти, Виена станува пример за декарбонизација на урбаните средини. Исто така, овој проект ќе послужи за подготовка на законска регулатива за изградба на идни вакви квартови со „плус енергија“. Комплетното завршување на работите е планирано за летото 2024 година.

CB3

Испрати коментар

Scroll To Top