Насловна / Арт и дизајн / Виена како од бајка околу Божиќ

Виена како од бајка околу Божиќ

rsz_viena_1
Кој ќе ја посети Виена пред крајот на старата година и на почетокот на новата година ќе влезе во свет како од приказна. За тоа најмногу придонесуваат божиќните панаѓури кои ги има на повеќе места низ градот.

Меѓу најпознатите е тој пред Градското собрание, потоа традиционалниот на Фрејунг, како и панаѓурите на местата познати како Шпителберг, Ам Хоф и пред црквата „Свети Карл“. Повеќе од сто дрвени куќички се места од каде што можат да се купат божиќни подароци, украси за новогодишната елка, слатки и топли пијалаци. Магичниот период во Виена во ноември и во декември е најпознат на панаѓурот пред Градското собрание.

Пред секоја дрвена куќичка има кандирано овошје, шеќерна волна и други деликатеси како божиќен пунч и печени костени. Паркот во близината е место на сезонска инспирација, со празнично украсени дрвја, јавање коњчиња пони, возење со возот „Кристкиндл експрес“ и сцени од бајките како уметнички претстави. Виена години наназад е домаќин на илјадници туристи што доаѓаат специјално да присуствуваат на предновогодишната атмосфера во градот.

Испрати коментар

Scroll To Top