Насловна / Архитектура / Виена ја планира највисоката дрвена висококатница во светот

Виена ја планира највисоката дрвена висококатница во светот

Архитектонското студио Rudiger Lainer and Partner има план да ја конструира највисоката дрвена висококатница во светот со локација во Виена. Се планира да биде висока 84 метри, изработена од дрвен материјал наместо бетонска конструкција, бидејќи таа предизвикува високо ниво на јаглерод, а целта на дрвената конструкција е да го апсорбира јаглеродот.

висококатница-2

Програмата што ја опфаќа планот е хотел, апартмани, ресторан, велнес центар и канцеларии. Целата инвестиција се очекува да чини околу 60 милиони евра.

висококатница-1

И покрај загриженоста поради носивоста на конструкцијата и опасноста од пожари, архитектите сметаат дека дрвото е совршен градежен материјал, како во минатите времиња така и денес.

висококатница-3

висококатница-4

Испрати коментар

Scroll To Top