Центарот на Виена, кој го украсуваат барокни замоци, споменици и згради, се најде на листата на УНЕСКО на загрозени области, а како причина е наведен проект кој се заканува да ја поткопа културната вредност на областа, и кој треба да започне во 2019 година.
Спорниот проект се уште е во фаза на развој и зафаќа површина од 6.500 квадратни метри и се наоѓа јужно од Штадпарк, информира АФП.
Планот е да се изгради голем висококатен хотел со луксузни апартмани, фитнес и спортски објекти, конференциска сала и лизгалиште со површина 1.000 квадратни метри.
УНЕСКО го постави лимитот на височината на зградите од 43 метри, меѓутоа, проектираната зграда е со височина од 75 метри, која подоцна била намалена на 66,3 метри.
Градските власти на Виена наведуваат дека тие сакаат да го задржат центарот на градот како културно наследство на светот, а имаат време да се одлучат до следната година.