Насловна / Вести / Виена исклучиво со ЛЕД осветлување

Виена исклучиво со ЛЕД осветлување

Градската управа на Виена си постави амбициозна цел, а тоа е до 2020 година целосно да функционира со ЛЕД јавно осветлување. Се работи за околу 50.000 светилки кои треба да се заменат до овој период.viena

Од вкупно 154.000 расветни тела во Виена, уште околу 50.000 се со застарена технологија кои се во употреба и до 60 години.

Новата технологија на осветлување нема за цел сама енергетска заштеда, туку и поквалитетно осветлување особено на најфрекфентните места, а ќе носат и пониски трошоци за одржување. На тој начин во одредени улици значително ќе с еподобри и безбедноста во сообраќајот. Дополнително, овој вид на осветлување ќе го намали и т.н светлосно загадување, што е особено изразено во големите градови.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top