Насловна / Вести / Виена: Иновација за прочистување и користење на дождовницата

Виена: Иновација за прочистување и користење на дождовницата

Viena gradski park

Дождовницата е тема на голем број проекти во Виена и честа задача на стручњаците од управата на градот. Силните дождови можат сериозно да ја оптоварат градската канализациска мрежа. Виенскиот Оддел за управување со отпадот, чистење улици и возен парк (MA 48) има обврска да го чисти снегот и да ги одмрзнува улиците со употреба, меѓу другото, и на соодветни хемиски средства. Одделот за градски паркови (MA 42) мора да овозможи тие средства да не допрат до билките, додека Одделот за води во Виена (MA 45) мора да обезбеди квалитет на водата за пиење. Потребата за истовремено решавање на сите овие проблеми доведува до нов т.н. Виенски модел за обработка на атмосферските води.

Viena procistuvanje na atmosferska voda

Притоа, во уличните шахти се поставува придушен вентил низ кој минуваат атмосферските води. Чистата вода се собира и се враќа од шахтата во корито со околу 30 сантиметри хумусен слој кој ги отстранува преостанатите нечистотии од водата и на крајот се враќа безбедно во подземните води. Еден дел од водата испарува, со што во летните денови се спречува прегревање во градот. Канализацијата ќе биде растеретена и што е најважно овој систем обезбедува ефективна заштита од поплави. Тестирањето на моделот ќе биде спроведено ова лето во езерскиот град  Aspern, кој е најголем иновативен проект на модерниот начин на живот во Виена.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top