Градскиот превоз во Виена е еколошки се поприфатлив. И покрај растот на бројот на патници и развојот на мрежата на јавниот превоз, главниот град на Австрија успева со бројни иновации да го поттикне одржливиот развој на јавниот превоз, а веќе со години се инвестира и во енергетска ефикасност. Со оглед на актуелната енергетска ситуација, виенското градско претпријатие за јавен превоз Wiener Linien, оваа есен и зима има намера да имплементира нови мерки за заштеда на енергија со цел намалување на потрошувачката. На тој начин планирана е заштеда од околу 10% од годишните потреби за енергија на претпријатието. Новите мерки меѓу другото опфаќаат намалување на температурите во трамваите, возовите на подземната железница и деловните простории за 2°C.
Wiener Linien веќе долго спроведува бројни мерки за долгорочна заштеда на енергија. Така, со години анназад се поставуваат фотонапонски панели на покривите од своите објекти. До 2025 година планирани се вкупно 20 соларни електрани, на покриви со вкупна површина од 70.000 метри квадратни. Потрошувачката на енергија е намалена и во модернизираниот автобуски возен парк, а голема заштеда се остварува и преку ефикасно користење на енергијата која настанува при кочење на трамваите. Енергијата која настанува при кочењето на возовите во подземната железница исто така придонесува за одржливста на виенскиот јавен превоз. Таа енергија се претвора во електрична енергија која с екористи за задвижување на другите возила во близина, како и за напојување на ескалаторите, лифтовите и сл. Компанијата исто така постојани ги едуцира своите вработени со цел да ја подигнат нивната свест.