Насловна / Вести / Виена и Будимпешта ги добија првите електролизери за производство на „зелен“ водород

Виена и Будимпешта ги добија првите електролизери за производство на „зелен“ водород

Во виенскиот округ Зимеринг, во склоп на кампусот на Wiener Netze, пуштена е во погон првата постројка за производство на зелен водород во главниот град на Австрија. Со погонот, во кој се инвестирани 10 милиони евра, ќе управува градската енергетска компанија Wien Energie, и дистрибутерот на гас и електрична енергија Wiener Netze. Двете фирми се дел од најголемата државна компанија за пружање на комунални услуги Wiener Stadtwerke.

1_108

Wiener Stadtwerke е пионер во користењето на водород и со своите фирми Wien Energie, Wiener Netze и Wiener Linien, произведува, дистрибуира, складишти и користи водород, со примена на климатски неутрални решенија.  Главната примена на произведениот водород од новата постројка е во сообраќајот, но се подготвува и негово користење во гасната мрежа и за други намени. Енергијата за производство на водородот се добива од ветерните паркови, соларните електрани и хидроелектрани.

1_109

Во Унгарија, MOL групата соопштила дека недалеку од Будимпешта е отворена досеха најголемиот електролизер за зелен водород во централна и источна Европа. Станува збор за инвестиција од 22 милиони евра. Постројката ќе произведува 1.600 тони јаглеродно неутрален водород годишно, а инвестицијата е во согласност со корпоративната стратегија на компанијата Shape tomorrow.

1_110

 

Испрати коментар

Scroll To Top