Насловна / Вести / Виена гледа кон иднина без отпад

Виена гледа кон иднина без отпад

Виена веќе поставила цел да стане град без отпад, и 2025 година ја прогласи за година на циркуларната економија. Австриската престолнина, во склоп на својот План за управување со отпад и програмата за спречување на создавањето отпад, предвидела целосна промена на пристапот кон ресурсите. Новите мерки ги поврзуваат екологијата, иновациите и урбанистичкиот развој. Главниот град на Австрија изработил План за управување со отпад и програма за спречување на генерирање отпад за периодот 2025 – 2030 година. Во согласност со Стратешката проценка за влијанието врз животната средина, документот ги опфаќа сите еколошки аспекти. Планот содржи над 160 мерки за превенција, рециклажа и заштита на климата.

Виена, која има два милиони жители, управува со целокупниот комунален отпад и поседува постројки кои се занимаваат со таа дејност. Иако бројот на жители од 2005 се зголемил за 20%, количината на генерираниот отпад паднала за 15%. Според Eurostat, Виена е трета меѓу европските престолнини по стапката на селекција на отпад, зад Талин и Луксембург. Имено, граѓаните имаат обврска во посебни контејнери да ја одвојуваат хартијата, стаклото, пластиката и биолошкиот отпад. Исто така, постојат јасни правила за одлагање на батериите, лековите и маслата, додека опасниот отпад оди на посебни локации. Службата WasteWatcher го следи почитувањето на прописите и изрекува казни. Приходите од овие казни се користат за одржување на чистотата на градот.

Минатата година е претставен водичот ZiFa 1.0 за циркуларна економија, развиен во соработка со Универзитетот за природни ресурси и бионаука (BOKU). Осум категории и 30 критериуми за планирање на заштеда на ресурси, покриваат меѓу останатото материјали, еколошки отпечаток, долготрајност и можност за рециклирање. Првите тестови на критериумите во пракса започнале да се спроведуваат кон крајот на 2024 година на различни градежни проекти.

Испрати коментар

Scroll To Top