Насловна / Вести / Виена ги воведува првите „зони за заштита на климата“ каде се користат исклучиво обновливи извори на енергија

Виена ги воведува првите „зони за заштита на климата“ каде се користат исклучиво обновливи извори на енергија

Град Виена минатата година најави воведување на „зони за заштита на климата“, а оваа година проектот започна да се реализира. Зоните во кои е дозволена употреба само на енергија од обновливи извори, се наоѓаат во вториот, седмиот и 16-тиот бецирк. Во овие зони, во новоизградените згради се забранети гасот и нафтата, а во веќе постоечките се поттикнува вградување на соларни панели и фотоволтаични системи. За греење, ладење и санитарна топла вода се користи системот на далечинско греење и ладење, или алтернативните извори како соларна енергија, биомаса или геотермална енергија. Предвидено е до половината на 2021 година, секој округ во градот да довие своја зона, а целта е до 2030 година секое четврто домаќинство да се снабдува со соларна енергија.

wien2

wien3

Испрати коментар

Scroll To Top