Веќе 10 години во Виена постојат т.н граѓански фотоволтаични електрани, концепт за кој е одговорно виенското претпријатие за снабдување со енергија Wien Energie. Секој може да учествува во финансирањето на овие постројки, и за тоа да добие ваучер од Градот. Оваа пролет ваква постројка ќе биде инсталирана на 29-та локација по ред, и тоа на Централните гробишта во Виена. Новата фотоволтаична постројка со инсталирана моќност од 1,4MW, ќе произведува електрична енергија за околу 570 домаќинства. Во Виена споменатите 29 локации со фотоволтаични постројки изградени според овој концепт (граѓански), се кофинансирани од страна на 10.000 граѓани.