Насловна / Вести / Виена: Емисијата на штетни гасови во градот намалена за 26%

Виена: Емисијата на штетни гасови во градот намалена за 26%

Eko biznis plan Viena logo

Градскиот Совет на Виена го усвои извештајот за реализација на „Програмата за заштита на климата на град Виена“, според која еколошките цели кои биле поставени до 2020 година, веќе се реализирани и тоа повеќе од зададените вредности.

Sima: "Ein Investment in die Umwelt rechnet sich immer!"

Во споредба со 1990 година, на годишно ниво помалку се емитуваат 3,7 милиони тони еквивалент на јаглерод диоксид. Постигнато е намалување на емисијата за 26%, што е дури за 5 процентни поени подобро од зацртаната цел од 21%. Програмата за заштита на климата на Виена е усвоена во 1999, а евалуацијата ја врши Австриската агенција за енергија.

Wiener Linien: Neue Rekorde bei Fahrgästen und Jahreskarten

Мерките за заштита на климата постигнати се во следните области: енергетика, сообраќај, градежништво, управување со отпадот и набавките, а програмата е оценета како успешна и од економски и од еколошки аспект. За имплеметирање на климатските цели во наведените области вложени се 33,2 милијарди евра, а обезбедени се и 53.000 нови работни места.

 

Испрати коментар

Scroll To Top