Насловна / Вести / Виена е прогласена за најзелен град во светот за 2020 година

Виена е прогласена за најзелен град во светот за 2020 година

Консултантската куќа Resonance Consultancy во својот најнов извештај, ја прогласи австриската метропола за најзелен град за 2020 година. Веднаш зад Виена, се пласираа Минхен, Берлин и Мадрид. Во т.н Best Cities Ranking, споредувани се 100 градови ширум светот кои имаат над еден милион жители и воедно најголем број рецензии на Tripadvisor.  Виена во сеопфатниот проект го зазема 36-тото место, а според Green-Cities-Ranking првото место.  Некои од критериумите за ранкингот во оваа категорија се: процент на јавни зелени површини, удел на обновливи извори на енергија во вкупната потрошувачка, процент на населението кој користи јавен превоз за одење на работа, концентрација на  PM10 (µg/m3) честички во воздухот, потрошувачка на вода по жител, достапност на можности з арециклирање и компостирање, број на пазари со локални производи.
Најмногу бодоби Виена има во областа на мобилноста и јавните паркови. Покрај тоа, се истакнува и како еден од ретките градови со национален парк (Донау-Ауен). Според рангирањето на Resonance Consultancy, австриската престолнина претставува европско мерило за локалниот јавен превоз. Речиси половина од жителите поседуваат годишна карта за јавен превоз, и редовно го користат.

vienna2

vienna3

Испрати коментар

Scroll To Top