Насловна / Вести / Виена добива нова топлана – ќе произведува топлина од вишоците на електрична енергија

Виена добива нова топлана – ќе произведува топлина од вишоците на електрична енергија

Австриската енергетска компанија Wien Energie во Виена во пролет 2022 ќе ја пушти во погон новата топлана. Оваа постројка е интересна по тоа што топлинската енергија ќе ја произведува со помош на вишоците на електрична енергија, односно со примена на коцептот power to heat, но и по самото архитектонско решение за објектот. Имено, новата топлана однадвор ќе биде налик на постројката за спалување на отпад Spittelau, покрај која и се гради, додека на нејзиниот покрив ќе се наоѓа урбана градина за потребите на вработените.

power 2 heat3

Срцето на постројката ќе го сочинуваат два проточни електрични загревачи со поединечна топлинска моќност од 5 MW, и ќе овозможува брзо загревање на топлотниот медиум на ввиенскиот топлификациски систем (водата), штом се појават вишоци на електрична енергија во виенската електрооенергетска мрежа. С оглед дека најолем дел од таа енергија ќе потекнува од ветерните електрани во околината на градот, Виена така всушност ќе се грее на обновлива енергија.  Слична постројка веќе четири години работи во 21-виот виенски округ Леополдау.

 

Испрати коментар

Scroll To Top