Насловна / Вести / Виена добива електрична енергија од сопствениот водовод

Виена добива електрична енергија од сопствениот водовод

Во Виена, уште од 1926 година водата од системот за водоснабдување се користи за производство на електрична ененргија. Имено, долж двете магистрални водоводни линии кои ја снабдуваат престолнината со вода за пиење од Алпите, изградени с е16 мали хидроцентрали кои генерираат и до 71 милиони kWh електрична енергија годишно, што е доволно за снадбување на окрузите Wiedem и Josefstadt кои заедно имаат нд 57.000 жители.

Последните три изградени електрани сместени се во самиот град, а две од нив имаат интересна изведба. Имено, се работи за центрифугални пумпи во кои водата влегува од обратната страна, па тие се претворени во турбини.

Сепак, и покрај големата економичност и првенствено еколошката одржливост на ваквите уреди, на прво место мора да биде квалитетот на водата за пиење. Затоа сите применети материјали кај овие постројки се во согласност со строчите правила на здравствените власти.

Добар пример за вистинската намена на малите хидроцентрали, и секако добра лекција за Балканот.

waser1

MA 31: Neues Trinkwasserkraftwerk am Wienerberg

wasser4

 

Испрати коментар

Scroll To Top