Насловна / Вести / Виена доби уште еден „соларен цвет“

Виена доби уште еден „соларен цвет“

Vieana solaren cvet

Откако во мај мината година на депонијата за отпад Rautenweg во Виена „процвета“ соларната постројка во облик на пет метри висок цвет, градските власти во јули оваа година поставија уште една таква постројка на градскиот лозарски имот Cobenzl.  Соларниот цвет се отвора секое утро и со помош на вграден GPS уред ја следи патеката на сонцето. На тој начин загарантирана е оптимална изложеност на сонце во текот на целиот ден, а соларната постројка така постигнува номинална моќност од 2,13 kWp.
По заоѓањето на сонцето, или во случај на силен ветер, „ливчињата“ на соларниот цвет се собираат со цел да се избегнат оштетувања. Освен овој соларен цвет, оваа винска област поседува и 304 метри квадратни фотоволтаична површина со што во голем дел се снабдува со енергија за сопствени потреби.
Со своите 48 хектари лозје во своите граници овој имот значително придонесува на квалитетот на воздухот, и е еден од првите во Австрија со еколошки сертифицирани вина.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top