Насловна / Градежништво / Виена доби нова железничка станица од милијарда евра

Виена доби нова железничка станица од милијарда евра

THEMENBILD: WIENER HAUPTBAHNHOF
Виена доби нова Главна железничка станица, чија изградба траеше пет години, а инвестицијата вреди околу една милијарда евра. Од 14 декември таа ќе го преземе севкупниот меѓународен сообраќај.

Архитектонскиот концепт на новата железничка станица во фокусот ја става  функционалноста. Низ оваа станица ќе сообраќаат околу 1.100 возови, а ќе ја опслужуваат околу 20 илјади работници во и околу неа.

gfxГрадоначалникот на Виена, на церемонијата на свеченото отворање, порача дека градот се ангажира за мобилност која не штети на животната средина, односно почива на принципите на одржливиот развој. Потсетувајќи дека дневно мигрираат околу 250 илјади патници кои работат во Виена, тој истакна дека квалитетот на јавниот превоз е од огромно значење.hauptbahnhof-wien-02

Испрати коментар

Scroll To Top