Почетната точка на изложбата „Виена Берлин: Уметноста на два града“, организирана од страна на Berlinische Galerie од Берлин и Galerie Belvedere од Виена, се односите, разликите и уметничките сличности на Виенската и Берлинската сецесија околу 1900 година и раните 20-ти години на минатиот век. На изложбата отворена на 14 февруари 2014 година во Виена, посетителите ќе бидат во можност да ги видат делата на Ото Дикс, Георг Грос, Јозеф Хофман, Егон Шиле, Густав Климт, Ернст-Лудвиг Кирхнер, Емил Орлик, Оскар Кокошка…