Насловна / Вести / Виена: 2015 – година на пешачењето

Виена: 2015 – година на пешачењето

viena godina na pesacenje2
Градот Виена ја прогласи 2015-та за „Година на пешачењето“. Оваа тема подразбира бројни активности со кои се настојува да се зголеми бројот на пешаци во градот, да се укаже на позитивното влијание врз здравјето и околината, а пешачењето како наједноставен вид на движење да стане попопуларно.

viena godina na pesacenje1
Денес, 39% од населението во Виена користи јавен превоз, 6% велосипед, а 27% се пешаци. Кон крајот на минатата година, Собранието на градот усвои неколку стратешки документи чии основни цели се промовирање на сигурност во сообраќајот. На прво место, тоа е концептот за сигурност на пешаците во сообраќајот, односно “Vision Zero”, што како крајна цел значи нула мртви пешаци во сообраќајот. Со цел да се стимулира пешачењето, Градот се обврзува да направи нови пешачки патеки и поатрактивни пешачки зони со зеленило.

Schatten auf dem Pariser Platz
Наскоро ќе бидат достапни и апликации за броење на чекорите и планирање на рутите. Планирани се и повеќе манифестации како на пример: „Мобилни кафулиња“ за запознавање на населбите, потоа “Street Festival” и секако најголемата меѓународна конференција за пешачењето “Walk21” која во октомври се одржува во Виена.

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top