И додека одењето по стаклена транспарентна површина на голема височина за некои е сценарио од најстрашните кошмари, за адреналинските зависници Sumit е секако атракција која нема да ја пропуштат.
Привилегијата да стојат на стаклена површина, 300 метри над тлото и да уживаат во непречениот поглед на Њујорк, ја имаат сите заинтересирани посетители на новиот облакодер One Vanderbilt во Њујорк, кој достигнува височина од 427 метри. При врвот на облакодерот, изградени се стаклени платформи – Sumit кои се протегаат на четири ката, а кои се наменети за набњудување на околината на нов начин. Sumit користи огледала и стакло за да создаде илузија на бесконечен простор. На заинтересираните на располагање им е левитациски стаклен бокс кој се наоѓа надвор од облакодерот, односно на 324 метри височина над авенијата Медисон. Тука е и лифтот кој од сите страни е опкружен со стакло и кој се искачува до 364 метри височина.