Овој необичен видиковец се наоѓа во Москва, во средиштето на една градина, во прекрасна природна средина. Проектот е на архитектите Арсениј Борисенко и Петер Зајтсев. Дизајниран е специјално за потребите на корисниците. Локацијата припаѓа на капетан на брод, кој ужива да ги кани пријателите на храна која ја приготвува за нив и за својата фамилија. Особено ужива во готвењето на скара. Затоа, овој дизајн го вклучува и готвењето како функција. Модерниот дизајн настанува како симбиоза на вкусот на сопственикот и креативноста на архитектите.
Основната идеја по која се водат архитектите е барањето да наликува на морските бранови. Структурата се состои од трпезарија одвоена со мал расцеп од скарата, која е направена од челични тули. Целиот концепт е доста динамичен. За изработка е употребено бело дрво. Структурата на одредени места е отворена за да се спојат природата и човекот. Амбиентот на околните дрвја совршено се вклопува со разиграниот дрвен дизајн.
Овој дизајн со уникатна структура, креира нови можности во архитектонското проектирање. Тој дефинитивно претставува Win-Win ситуација, бидејќи сопствениците можат да го користат во текот на целата година, благодарение на завиениот покрив. Овој модерен видиковец, не е создаден само да биде убав и функционален, туку да биде и обожаван.