Насловна / Арт и дизајн / Вибрирачки ентериер во кој доминираат палми и „југо“

Вибрирачки ентериер во кој доминираат палми и „југо“

Madero Café е тотално cool ресторан во Гватемала, кој едноставно воодушевува со својот еклектичен ентериер.

Познатото архитектонско студио Taller Ken со седиште во Њујорк и во Гватемала, го реализира овој генијален ресторан Madero Café. Исполнет со живописни бои и детали, од кои најмногу се истакнуваат палмите, ентериерот и тоа како го привлекува вниманието.палма и југо_6

Неизбежниот момент во оваа предимензионирана сала е жолтиот „југо“ автомобил во кој, исто така, е засадена една прекрасна палма.палма и југо_7

Креаторите што стојат зад овој проект велат дека сакале да создадат вистински тропски амбиент, а особено се издвојуваат рачно изработени плочки со разнобојни модели и бои. Со оглед на тоа што се работи за простор со голема квадратура, гостите можат и да се прошетаат во ресторанот и да го доживеат секој агол од оваа вистинска зелена оаза покрај, се разбира, сјајните врвни закуски.палма и југо_8 палма и југо_5 палма и југо_4 палма и југо_3 палма и југо_2 палма и југо_1

Испрати коментар

Scroll To Top