Компанијата „OpenAI“ постигна значителен напредок во областа на развој на вештачка интелигенција од ноември 2022 година, кога беше претставен четботот ChatGPT-3.
Иако се крена многу прашина околу овој јазичен модел базиран на ВИ, поради неговиот наводен потенцијал да го преобликува секој аспект од нашиот живот, тој разоткри неколку критични проблеми, вклучително и халуцинации, односно генерирање погрешни одговори на прашањата и барањата на корисниците. Меѓутоа, четботовите се значително подобрени, а приговори за погрешни одговори се сè помалку.
Кршењето на авторските права е сè уште огромен проблем што ги спречува моделите базирани на ВИ да се покажат во полн сјај.
Сепак, сè уште постои сива зона, бидејќи законите за авторски права категорично не забрануваат употреба на содржина заштитена со авторски права за тренирање на моделите на вештачка интелигенција.
Покрај тоа, темни облаци полека почнуваат да се појавуваат над развојот на вештачката интелигенција, бидејќи новите истражувања на Универзитетот во Калифорнија покажуваат дека „четворката“, односно моделот ChatGPT-4, троши до три шишиња вода за да генерира 100 зборови.
Минатата година се зборуваше за тоа дека четботот на Мајкрософт Копајлот и ChatGPT беа пријавени дека трошат шише вода за ладење, што предизвика загриженост за локалните резерви на вода.
Оваа не баш добра вест доаѓаат во услови на зголемена побарувачка за електрична енергија за да се олесни развојот и унапредувањето на вештачката интелигенција.
На развојот на вештачката интелигенција, два технолошки гиганти, компаниите „Гугл“ и „Мајкрософт“, трошат повеќе енергија од 100 земји заедно.
Според резултатите од студијата на Универзитетот во Калифорнија, количината на потрошена вода за да се генерираат одговори на генеративните модели на барањата на корисниците зависи од состојбата и близината на центарот за складирање податоци.
Кога станува збор за американските држави, Тексас бележи најниска потрошувачка на вода, проценета на 235 милилитри на секои 100 зборови. Од друга страна, Вашингтон троши најголема количина на вода, односно 1.408 милилитри на секои 100 зборови генерирани од вештачката интелигенција.
Водата за ладење не е единствениот проблем на ВИ
Во еден извештај, објавен минатата година, авторите тврдат дека „OpenAI“ троши до 700.000 американски долари дневно само за да продолжи да работи ChatGPT.
Иако работата на развојот на вештачката интелигенција претставува основа на секоја голема технолошка корпорација, таа бара огромни ресурси и вложувања.
Инвеститорите се загрижени поради големите вложувања во технологијата, но изгледа се уште е невозможно да се воспостави јасен пат до профитабилноста во оваа категорија.
Компанијата „ОпенАИ“ неодамна беше пред банкрот. Со проекции од околу пет милијарди долари загуба, на фирмата на Сем Алтман и предвидуваа крајот во рок од 12 месеци. Сепак, благодарение на уште една финансиска инјекција од „Мајкрософт“, „Епли“ и „Енвидија“, ChatGPT би можел да добие продолжување на животот. Вкупната пазарна капитализација потоа ќе надмине 150 милијарди долари.
Уште еден проблем со кој се соочува развојот на вештачката интелигенција е испораката на чипови бидејќи „Енвидија“ не може да ја задоволи побарувачката.
„Мајкрософт“ и „OpenAI“ наводно вложиле до 100 милијарди долари во нов проект наречен „Старгејт“ (Stargate) со цел да се ослободат од преголемата зависност од најпрофитабилниот светски производител на чипови за потребите на ВИ.
Исто така, „Мајкрософт“ неодамна се здружи со компанијата „Блек рок“ (BlackRock), меѓународна корпорација за управување со инвестиции, за да собере 100 милијарди долари за да обезбеди доволно енергија и да го прошири капацитетот на центарот за податоци за своите амбициозни соништа за вештачката интелигенција.
Покрај тоа, Илон Маск смета дека светот е на работ на најголемиот технолошки пробив кога станува збор за вештачката интелигенција, но тој предвидува дека нема да има доволно електрична енергија за да напојува таков напредок до 2025 година.