Насловна / Арт и дизајн / Везени ѓердани и обетки на филипинската уметница Ruby Thursday More

Везени ѓердани и обетки на филипинската уметница Ruby Thursday More

„Создавањето ми е во крвта“, вели филипинската уметница за вез, Ruby Thursday More. „Мојата баба по мајка изработуваше јоргани и им ги продаваше на земјоделците за време на сезоната на жетва“, објаснува таа во својата кратка биографија. „Исто така таа везеше и ќебиња, чаршафи и кујнски крпи. Кога бев во основно училиште, мајка ми шиеше футроли за моливи и навлаки за перници и ги продаваше како начин да го зголемиме приходот на нашето семејство. Седев под нејзината машина за шиење, отсекувајќи ги вишокот конци од работите што таа ги правеше“.

11

Така, започнала нејзината љубовта кон шиење и везење – љубов која на крајот ќе кулминира во продавницата Etsy, каде што сега продава рачно извезени ѓердани и обетки, сите направени со посебна грижа и внимание.

5

Кога станува збор за креативната инспирација на Thursday More, бојата игра огромна улога. таа признава дека оди во лов на бои на интернет, зачувувајќи ги референците на нејзиниот компјутер за подоцна. Освен бојата, нејзините дизајни се под влијание и на нејзиното расположение, имагинација и сеќавања, што ги прави нејзините креации и лични и привлечни.

8

„Ми се допаѓа преносливоста на предметите, на накитот, фактот што можам да го носам со себе каде и да одам. Везењето не бара струја, не бара интернет. Со рачен вез, вие сте токму во моментот“, вели Ruby.

2

3

7

6

1

01

02

10

9

Испрати коментар

Scroll To Top