Ветерните електрани за прв пат во Велика Британија произвеле повеќе електрична енергија отколку термоелектраните на гас. Имено, во првите три месеци од годинава, една третина од енергијата е добиена од ветерните електрани. Британската мултинационална и гасна компанија National Grid исто така потврдила дека во април е забележен рекорден период во производството на електрична енергија од Сонцето. Велика Британија има за цел комплетното производство на електрична енергија да достигне нулта емисии до 2035 година.
Најголем дел од ветерните електрани во Велика Британија се лоцирани на море (офшор ветерни електрани). Инсталирањето на нови ветерни електрани на копно, во Англија е забрането од 2015 година.