Малите соларни централи не се никаква новост, а енергијата од овие постројки одамна се користат меѓу бројни домаќинства, со цел зајакнување на нивната независност од електричната мрежа. Но, ветерниците во дворовите на приватни куќи се многу поретка глетка, иако на пазарот постојат турбини скроени по мерка на малите потрошувачи. Еден стартап од Исланд, Ice Wind, би можел да придонесе за нивната популаризација, особено по неодамнешниот продор на пазарот во САД. Исландскиот производ кој на 3-ти и 4-ти јули беше претставен во сојузната држава Тексас, нешто е поразличен од својата конкуренција во овој сектор. Имено, лопатките се поставени вертикално, наместо стандардното хоризонтално спојување. Ice Wind пронашол инспирација во древната персиска технологија, која е осовременета во склад со потребите на 21-виот век. Покрај производната линија CW, наменета за користење во склоп на резиденцијални објекти, стартапот во својата понуда има и ветерници за телекомуникациските кули.