Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) оваа година ќе инвестира 100 милиони евра во развојни проекти во Црна Гора. Половина од тој износ се планира за изградба на електрани на ветер на висорамнината Крново кај Никшиќ. Шефот на Канцеларијата на ЕБРД во Црна Гора Џулио Морено, за подгоричкиот портал Аналитика, рече дека таа банка ќе финансира изградба на уште некои помали хидроцентрали, како и реконструкција на аеродромот во Тиват.