Насловна / Вести / Ветерна турбина со едноделен ротор

Ветерна турбина со едноделен ротор

Холандската компанија TouchWind, развива концепт на ветерна турбина која наместо три лопатки сместени околу средиштето на роторот, има само едноделен ротор. Исто како и авионскиот пропелер со два крака, тој се врти околу централна оска, а иноваторот вели дека ваквата ветерна турбина е поцврста, подоверлива и може да поднесе многу посилни ветрови отколку класичните изведби.

моно1

Touchwind Mono е името на овој концепт, осмислен примарно за генерирање на енергија од офшор ветерните електрани, при што би пловеле на засебни платформи. Притоа, инвестицијата се проценува дека ќе биде за 30-50% пониска во споредба со изградбата на класична ветерна турбина. Една ваква 200 метарска турбина би можела да има моќност од 12 MW.

моно2

Иако идејата постои веќе околу 5 години, исто толку долго се развива и дизајнот на оваа турбина. TouchWind сеуште не споменува кога очекува комерцијализација на својата иновација. Во моментот концептот се тестира на една платформа во Холандија.

моно3

Испрати коментар

Scroll To Top