Во Тексас ветрофармите произведуваат толку енергија што некои електростопанства подаруваат струја на купувачите. Тој режим важи од 21 часот до 6 наутро, а електростопанството што се одлучи на тој режим е на пример „TXU Energy‟, каде таа услуга ја користат 3.000 купувачи. Во таа компанија објаснуваат дека сакаат да го сменат начинот на кој купувачите размислуваат за енергијата, а тие што ќе се одлучат на тарифа со бесплатна ноќна енергија, во текот на денот плаќаат малку поскапа струја.