Насловна / Вести / Ветерна електрана, соларна електрана и складирање на енергија – под еден проект во Чиле

Ветерна електрана, соларна електрана и складирање на енергија – под еден проект во Чиле

Во Чиле е во тек развојот на единствен проект на хибридна електрана под името Parque Terra Energía Renovaable со вкупна инсталирана моќност од 862,5 MW. Одговорна за проектот е компанијата за производство и дистрибуција  AES Gener, со што презема важен чекор во развојот на хибридните проекти од областа на зелената енергија во Чиле. Електраната се состои од ветерна електрана со инсталирана моќност од 350 MW и соларна електрана  512,5 MW.  Попрецизно, ќе бидат поставени 50 ветерни турбини со поединечна моќност од 7 MW, и дури 1.102.080 бифацијални соларни панели. Најавено е дека во склоп на овој проект ќе се постават и два системи за батериско складирање на енергија.

chile1

Parque Terra Energía Renovable ќе се впише на растечката листа на чилеанските проекти од обновливи извори на енергија. Проектот бара инвестиција од 750 милиони долари. Се очекува изградбата да започне во вториот квартал на 2022 година. Според податоците на чилеанската Национална комисија за енергетика  (CNE), производството на електрична енергија од ОИЕ во текот на јуни во Чиле достигнало 1.168 GWh, што претставува 8,2% од вкупното месечно производство.  Вкупните инсталирани капацитети за енергија од обновливи извори во Чиле заклучно со месец јуни се 5.901 MW.

chile2

 

Испрати коментар

Scroll To Top