Минатата недела во Њујорк конечно беше отворен комплексот Hadson Yards, најголемиот приватен инвеститорски проект во историјата на САД, а во центарот на комплексот се наоѓа уникатна скулптура Vessel која е дело на британскиот дизајнер Thomas Heatherwick. Оваа монументална челична конструкција во форма на сад е висока над 45 метри и ја прави целата мрежа на крос-наредени скали чие поставување донекаде потсетува на саќе. Благодарение на монументалниот изглед, но и примарната употреба на челик, таа малку наликува на Ајфеловата кула.
Според ArchDaily, целата структура се состои од 154 поврзани скали со 80 места за одмор, а вкупно 2.500 чекори. Се наоѓа во срцето на Hadson Yards и разубавува голем плоштад, кој е дизајниран од страна на архитекти на бирото Nelson Byrd Woltz Architects.
На површина од над 56 илјади квадратни метри сега се наоѓаат луксузни станбени објекти, деловни и комерцијални објекти, плоштади, ресторани. Во комплексот има вкупно 16 нови проекти, а исто така постои и голем културен центар The Shed кој е дизајн на познатото студиа Diller Scofidio + Renfro, кој наскоро треба да биде завршен.