Данската архитектонска фирма Henning Larsen е проектант на зградата на спортскиот клуб на Фарските Острови, со кос зелен кров и дрвена фасада за да и оддаде почит на традиционалната фарска архитектура.
Наречен Klaksvik Row Club објект со површина од 620 квадратни метри, проектиран за градот Клаксвик, е замислена како нова знаменитост што го слави фарското спортско наследство.
Објектот е резервиран за најсовремени удобности за спортистите, привлекувајќи ги и локалното население и туристите со прекрасните погледи на околните пејзажи.
Сместен во живописен фјорд кој штити од суровите ветрови на Атлантикот и дава поглед на соседните острови, Клаксвик е вториот по големина град на Фарските Острови и дом на 5.000 жители.
Во последната деценија, главниот град на рибарството на Фарските Острови тргна на патување за да се етаблира. Henning Larsen го предводел проектот на динамичниот урбанистички план што овозможува простор за адаптација со текот на времето, при што првите згради се завршени во 2018 година.
Планот дава приоритет на пешачкиот пристап и вклучува живи дестинации како што се детско лизгалиште и веслачки клуб во непосредна близина на централниот плоштад.
Според архитектите Klaksvik Row Club станал клучен аспект на ревитализираниот идентитет на Клаксвик.
„Веслањето, националниот спорт на Фарските Острови, е значаен дел од фарската култура, а спортистите посветуваат значително време и напор на тренинзите и натпреварите во текот на целата година против соседните градови“, велат од бирото.
„Рачната изработка и употребата на традиционални дрвени фарски чамци постои со векови и има емотивно и историско значење за нивниот народ. Традиционално направени со една секира и нивното потекло од времето на Викинзите, овие чамци се на листата на УНЕСКО за нематеријално културно наследство “, велат од Henning Larsen.
„Нашиот пристап кон проектот беше длабоко вкоренет во пејзажот и културата на Клаксвик“, вели Ósbjørn Jacobsen, директор на проектот и додава: „Косиот зелен кров и дрвената фасада оддаваат почит на околната природна убавина, а исто така и на традиционалната архитектура на Фарските Острови; хармоничен дијалог помеѓу изградената средина и пејзажот на фјордот“.
Проектирана со посветеност на функционалноста и уживањето, структурата се одликува со кос зелен пкров и дрвена фасада, која има за цел „да ја отслика убавината на соседниот пејзаж и да го почитува традиционалниот фарски дизајн“.
Пространите врати за складирање на чамците се отвораат кон дрвеното пристаниште и водата, овозможувајќи ефикасни премини во и од водата при спуштање на чамците. Чамците може да се чуваат во компактен оддел во зградата.
Посетителите можат да уживаат во живописните погледи и природна светлина низ големите прозорци и просторот во поткровјето, без разлика дали вежбаат или се само на поминување.
Клубот не е само приватен простор за членовите, туку служи и како јавно место каде што се одржуваат различни настани и изложби.
Покрај тоа, тоа е позната туристичка атракција која ја прикажува традиционалната изработка на фарските чамци. Во потоплите месеци, надвор од клубот има доволно простор за собирање луѓе, создавајќи живо градско катче со кафуле во кое посетителите можат да уживаат.
„Сакавме да создадеме простор што е повеќе од едноставно складирање на чамци“, вели Ósbjørn Jacobsen: „Огромните врати што се отвораат на дрвениот пристаниште и отворената дрвена внатрешност проектирани се да ја подобрат употребата на просторот за заедницата“.
Главниот план на Клаксвик сега е 40-60 отсто завршен, со планови за проширување и дополнително давање приоритет на пристапот на пешаците. Урбаниот распоред на Henninga Larsena епроектиран е да биде динамичен, што овозможува прилагодување со текот на времето.
Поранешната градска пошта, купена од општината, е претворена во Дом на култура.