Насловна / Архитектура / Веслачки клуб: Нов сплав на мапата на ноќниот живот во Белград

Веслачки клуб: Нов сплав на мапата на ноќниот живот во Белград

На Саемскиот кеј во Белград, кон крајот на јуни е отворено ново место за љубителите на добар провод со квалитетна електронска музика – сплав Веслачки клуб Белград.

Овој угостителски локал на своите посетители им нуди амбиент сосема поинаков од она што веќе стана стандард во клупската понуда на главниот град на Србија покрај реката Сава.

1

Имено, проектната задача што се нашла пред архитектите од Студио Флуид била да проектираат сплав што ќе наликува на приватни сплавови/куќички, а не на дискотека, и кој ќе има можност да работи и во лето и во зима, се со цел кога ќе дојдат луѓето да имаат чувство дека дошле на сплав на некој пријател, а не во клуб.

6

Чамец обесен на конструкцијата на кровот

Како што објаснуваат проектантите „архитектурата на сплавот и ентериерот одредени се со прецизна проектна програма од страна на клиентот и нашиот сензибилитет и архитектонски вредности“.

Додаваат дека долгогодишната соработка со клиентите многу ја олеснила работата, а архитектонското обликување го воделе според тоа што сплавот треба да потестува на приватен сплав, а не на клуб. Од ова произлегла формата на сплав со двоводен кров.

3

Архитектите се труделе да не претераат со површината на сплавовот, за да не се изгуби чувството на домашна атмосфера што сакале да ја постигнат, а сепак да имаат соодветна површина за непречено функционирање на клубот – простор за тоалети, шанк, остави…

„Условот сплавот да може да работи и во лето и во зима беше предизвик за нас. Тоа значеше термоизолирана фасада како и изолација на подот и покривот“, велат од Студио Флуид.

2

Внатрешноста на сплавот како покриен трем

Поради желбата во лето просторот да биде што поотворен, а во зима да има топла домашна атмосфера, проектирани се големи стаклени отвори на фасадата кои ја отвораат целата своја површина.

„Бочните страни имаат лизгачки стаклени панели, кои кога сакаме сплавот да биде отворен, влегуваат во пилони обложени со дрво, така да не се ни гледаат, додека предната фасада се отвора според системот на преклопување“ – наведуваат архитектите.

4

Со вакво решение овозможено е во лето, кога сè е отворено, панелите се практично невидливи, а внатрешноста на сплавот изгледа како покриен трем бидејќи е отворен од бочните и од предната страна.

Влезната фасада поради функционалност на сплавот е позатворена од останатите. Во оваа зона се сместени тоалети, магацински простор и шанк.

„Положбата на тоалетите и пристапот до нив како и шанкот се решени се со симетријата на сплавот, која е испратена до крај. Покрај зоната на ‘тремот’ од предната страна кон реката, има и непокриена тераса на посебен понтон“, објаснуваат од бирото.

7

Тросед како централен момент

Распоредот на мебелот ја поддржува идејата за „домашна“ атмосфера на сплавот што авторите требале да ја постигнат. Се одлучиле за тросед како централен момент и пониско седење што го придружува.

5

„Своето место го најде и печката на дрва, што придонесува за бараниот впечаток. Од истата причина, не е нагласен ниту ди-џеј пултот кој е малку повисок од останатиот мебел и е сместен спроти печката“, велат од Флуид.

Кога станува збор за материјализацијата на сплавот, архитектите за екестериерот се одлучиле за дрво и лим, додека во внатрешноста доминантна е иверица.

Подот внатре и надвор е обложен со cumaru дрво.

Испрати коментар

Scroll To Top