Насловна / Вести / Вештачката интелигенција во дијагностиката е поточна од лекарите

Вештачката интелигенција во дијагностиката е поточна од лекарите

Вештачката интелигенција широко се користи во медицинската пракса, особено во тек на сложени хируршки зафати. Но, дали таа може сама да постави дијагноза?

Истражувачите од медицинскиот центар „Beth Israel Deaconess Medical Center“, одлучиле да ги споредат образложенијата на чет-ботот со дијагностиките на лекарите во пет клинички случаи.

1_1

Чет-ботот, како и лекарите, имал задача да ја процени веројатноста за одредена дијагноза врз основа на анамнеза.

Потоа имале можност да постават своја прогноза врз основа на направени тестови како што се рендген снимка на граден кош, мамографија, стрес тест и уринокултура.

Со оглед на присуството на сигурни промени во тестовите на пациентите, се покажало дека дијагностицирањето на болеста било подеднакво лесно и за вештачката интелигенција и за лекарите.

1_2

Меѓутоа, ако тестовите не се достапни, чет-ботот покажал јасна предност во поставување дијагноза.

„Лекарите понекогаш имаат тенденција да играат на сигурно, што може да доведе до прекумерно лекување и употреба на премногу лекови“, велат авторите на студијата.

Вештачката интелигенција носи повеќе непристрасни одлуки со поголема веројатност за точност, па може да биде многу корисна во процесот на дијагностицирање, пренесува рускиот „Здравје он лајн“.

Испрати коментар

Scroll To Top