Насловна / Вести / Вештачката интелигенција влезе и во производството на парфеми

Вештачката интелигенција влезе и во производството на парфеми

Carto е алатка погонувана од страна на вештачката интелигенција, која со помош на робот и компјутер им овозможува на производителите на парфеми побрзо и поефикасно да ги комбинираат и тестираат своите идеи. Ова е голем чекор во оваа индустрија, веќе имплементиран од страна на еден швајцарски производител на парфеми. Иновативниот начин на креирање на нови мирисни ноти за стручњаците претсавува одмор од бројните таблици и шеми, односно традиионалните методи кои се користат веќе 150 години.

„Carto обединува се што ни е потребно на најдобар и најбрз начин. Ги имаме сите потребни информации, односно се што досега постои во светот на парфемите. Истовремено, и ракувањето со тие информации е брзо и едноставно“ велат задоволните корисници. На прв проглед Carto изгледа како едноставен голем рамен екран. Нуди сет од мирисни опции, а кога бараниот состав ќе се најде на екранот, тогаш роботот тргнува на својот пат помеѓу тест шишенцето и околу 300 епрувети со различни состојки. Така брзо и прецизно се создава инстант примерок. Сепак, крајниот збор во евалуацијата на мирисните ноти го имаат стручњаците, односно луѓето.

carto1

carto2

carto4

 

Испрати коментар

Scroll To Top