Насловна / Вести / Вештачката интелигенција нуди револуција во дијагностика на рак

Вештачката интелигенција нуди револуција во дијагностика на рак

Вештачката интелигенција е двојно поуспешна во проценката на агресивноста на ретките форми на рак во споредба со скенирањата и сегашните дијагностички методи.

Една нова студија покажала дека вештачката интелигенција забележува детали кои голо око не може да ги види. ВИ имала прецизност од 82 отсто во споредба со 44 отсто прецизност на лабораториските анализи.

Истражувачите од болницата Ројал Мардсен и Институтот за истражување на рак велат дека методот може да го подобри третманот и да им помогне на илјадници пациенти секоја година.

Покрај тоа, тие наведуваат дека постои сериозен потенцијал за откривање на други форми на рак во раните фази. ВИ веќе покажува голем потенцијал во дијагностицирање на рак на дојка.

рррр

„Исклучително сме возбудени за потенцијалот на оваа најнова технологија. Тоа би можело да ги зголеми шансите за излекување на пациентите преку побрза дијагноза и персонализација на лечењето “, вели радиологот и професор Кристина Месиу.

Студијата, објавена во списанието Lancet Oncology, користела техника наречена „радиомика“ за да ги идентификува знаците, инаку невидливи за човечкото око, на ретроперитонеалниот сарком, кој се јавува во сврзното ткиво на задниот дел на абдоменот.

Со помош на податоци од 170 пациенти, алгоритмот ВИ подоцна од снимките со голем успех успеал да ја оцени агресивноста на пациентите од 89 други европски и американски болници.

Испрати коментар

Scroll To Top