Насловна / Вести / Вештачката интелигенција нема да ги замени луѓето, но ќе го промени начинот на работа

Вештачката интелигенција нема да ги замени луѓето, но ќе го промени начинот на работа

Со доаѓањето на ChatGPT што го освои светот, сè повеќе можеме да слушаме дискусии за тоа како роботите ќе ги заменат луѓето и колкаво влијание ќе имаат вештачката интелигенција и другите нови технологии на пазарот на труд. Ова е дополнително засилено откако снимките од „целосно автоматизирани“ ресторани за брза храна во Америка станаа вирални.

Иако вештачката интелигенција и другите видови автоматизација напреднаа, тоа не значи дека роботите ќе ги преземат нашите работни места. Новата технологија едноставно го менува начинот на кој работиме и влијае на одредени работни места. Четботови и роботите не ги заменуваат луѓето, тие само ги држат подалеку од очите на купувачите.

ch

Далеку од очи…

Предвидувањата за тоа како вештачката интелигенција ќе влијае на нашите работни места обично одат заедно со виралните видеа од роботи кои вршат секојдневни задачи: испорачување храна на шалтер, работа во кафулиња, чистење подови итн. ChatGPT дури е користен за пишување текстови и полагање испити на факултет. BuzzFeed најави дека планира да користи вештачка интелигенција за да генерира содржини на својата страница.

Но, во сите тие видео снимки и стравувања што тие ги предизвикуваат недостасува клучен контекст. Бидејќи, тоа што робот испорачува брза храна не значи дека во продавницата нема луѓе – едноставно не ги гледате. Дури и еден познат синџир за брза храна рече дека нивната нова продавница не е целосно автоматизирана и дека вработуваат сличен број на персонал како во традиционалните продавници. Само што тој персонал е „зад завесата“ каде ја подготвува храната што сте ја нарачале.

цц

Како изгледа да се биде „зад завесата“

Често забораваме дека на машините сè уште им требаат луѓе за да можат да функционираат непречено. Земете ја како пример корисничката поддршка, компаниите со години се обидуваат да ги намалат трошоците користејќи автоматски секретарки наместо луѓе. Но, овие машини сè уште се потпираат на луѓето за посложени прашања и ситуации каде што на корисниците им е потребна помош, а оние гласови што ви се враќаат автоматски сè уште ги снимаат – луѓе.

Многу од водечките компании кои развиваат автономни возила исто така се потпираат на „скриени работници“. Инженерите развиваат софтвер и алатки за мапирање и навигација на автомобилите, но тоа не е доволно. Технологијата за автономно возење се потпира на евтина работна сила низ целиот свет. Скриените работници внесуваат илјадници податоци за сензорите за самоуправувачки автомобили.

ц2

Означувањето на тие податоци е неопходно за компјутерот да идентификува што бележат сензорите на автомобилот, што му овозможува на системот полека да учи и да донесува одлуки за тоа како автомобилот се движи на патот. На пример, означувањето на податоците може да им помогне на возилата да разликуваат дали пречката на која сте наишле е сообраќаајна бариера или дете, иако не секогаш се оди според планот.

ццц

И не станува збор само за технологијата за автономно возење. Истражувањето на Тајм открило дека OpenAI, компанијата која стои зад ChatGPT, се потпира на кениските работници кои, за помалку од два долари за час, мораат да ја прегледаат целата содржина која се однесува на вознемирувачки и чувствителни теми.

Вештачката интелигенција и другите нови технологии се обликувани така да ни понудат различни форми на зајакнување и ослободување: ќе бидеме попродуктивни, ќе трошиме помалку време на извршување на одредени задачи, сè ќе ни биде на еден клик или допир.

Но тоа и натаму, сè уште не ни дава точна слика за тоа како технологијата го трансформира светот во кој живееме или реалната цена на тие наводни придобивки. Автоматизацијата може да поттикне некои луѓе, но исто така може да им отежне и на оние скриени работници кои се грижат сите тие машини да работат правилно.

Испрати коментар

Scroll To Top