Во градежниот сектор, бетонските конструкции долго заземаа централно место. Но, со оглед на се поголемиот фокус на заштитата на животната средина, архитектурата базирана на дрво, станува се поприсутна. Се поставува прашањето: како понатаму да се унапреди веќе одржливиот ваков пристап? Carlo Ratti, угледен архитект и професор на MIT, смета дека клучот е во вештачката интелигенција.
Стартапот Maestro работи на иновирање на производството на вкрстено – ламинарно дрво (CLT). Додека традиционалните методи за производство на CLT често доведуваат до големи количини на отоад, Maestro планира користење на вештачка интелигенција, со цел зачувување на природните облици ан дрвените трупци. Првиот чекор е детално скенирање на сировото дрво. Потоа, трупците прецизно се обработуваат во неправилни облици. Со помош ан софтвер се анализираат овие облици и се организираат на начин кој го намалува отпадот до 30%. Ratti не го крие својот ентузијазам за овој пристап, нагласувајќи дека покрај намалувањето на отпадот, овој метод пружа и естетска вредност која е неспоредлива. Според неговите зборови, неправилните облици го одразуваат карактерот на дрвото, а со помош на вештачката интелигенција тоа се претставува на посебен начин. Со цел да се прикаже практичната примена на овој пристап, Maestro креирал едноставен прототип на триаголем павилјон, кој заинтересираните можат ад го видат на Унивезритетот во Шангај до 15-ти септември. Во иднина, се очекува вакви иновативни пристапи да станат норма во дрвната градба, правејќи ја уште поодржлива и поставувајќи нови стандарди во областа на естетиката и дизајнот.